На стадионот „Тодор Проески“ во Скопје македонската женска репрезентација игра против Австрија во квалификациите за СП 2023. Ова е втор меч за Македонија и како стојат работите нашите девојки ќе го претрпат вториот пораз во групата.
На полувреме македонскиот тим губи со 0:3. Резултатот го отвори Хебингер со гол во 12. минута, зголеми Биља во 20. минута од пенал, а за три гола разлика поентираше Хеншо во 37. минута.