Фалкао и Столе му земаа „мерка“ и на Атлетик (Б), Леванте поразен без Барди (ВИДЕО)

481

Рајо Ваљекано на Столе Димитриевски ја продолжи фантастичната низа добри резултати, обезбедувајќи ја третата победа во четвртиот последователен меч во шпанската Ла Лига. На тешкото гостување во Баскија, клубот од мадридското предградие славеше со 2:1 во меч во кој и двата тима имаа свои моменти.

Рајо подобро го отвори мечот и по само 5 минути игра со голот на Гарсија поведе со 1:0. Атлетик (Б) по примениот гол притисна, па по една нафрлена топка во шеснаесетникот на нашиот Димитриевски, несмасно, Цис Исмаила погоди во сопствената мрежа и им донесе израмнување на домашните.

Во вториот дел Рајо одлично парираше, создаде и една шанса, но резултатот остана непроменет се до 96. минута. Откако домашните притиснаа, Фалкао потсети дека се уште е во најдобрите голгетерски години и со вториот сезонски гол за Рајо им донесе победа на гостите од 2:1.

Леванте, пак, без Барди кој се уште е повреден, загуби дома од Селта Виго со 2:0. Леванте имаше пенал за израмнување, но Роџер не успеа да го реализира.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноПСЖ утре без Меси, Аргентинецот е повреден
СледноХаос во Босна, прекинат меч и запален автомобил на судија