Јувентус исто како Барселона се соочува со големи проблеми на стартот на новата сезона во Серија А. Тимот од Торино се наоѓа на 18. позиција со две нерешни и два порази. Последното реми го одигра против Милан (1-1), а на тренерот Алгери му дојде преку глава.
Стратегот на Јувентус на момент се заборави, додека го напушташе теренот урлаше и пцуеше по играчите, а камерите го фатија на дело.
„Да ве е**м, па вие играте за Јувентус“.
Реченицата која ја кажа е сосема точно, но проблемот е што истата доаѓа во лошо време, на лошо место.
Медиумите во Италија на големо пишуваат дека тој е посебно бесен на петмина фудбалери.
View this post on Instagram