Фудбалерите на Барселона одиграа без победник против Гранада (1-1) во меч од петото коло во Ла Лига.
Фудбалерите на Барселона одиграа без победник против Гранада (1-1) во меч од петото коло во Ла Лига.
Каталонскиот гигант уште еднаш ги разочара своите фанови, одигра многу слаб натпревар, во самиот финиш се спаси од голем срам и освои еден бод.
На удар се најде Роналд Куман на кого му се подготвува отказ, информација која според шпанските медиуми треба да добие потврда во следните неколку дена.
Колку стратегот на Барселона вчера беше очаен покажува една фотографија. Во 75. минута во игра влезе Жерард Пике, а многумина беа во шок кога го видоа како игра на позиција центарфор.
Но, ниту ова не придонесе за играта на Барселона, која на крајот може да биде среќна и со еден освоен бод.