Понудата на Борусија Дортмунд за напаѓачот на Манчестер Сити, Лиам Делап, беше експресно одбиена од страна на граѓаните.
За 18-годишниот напаѓач, Борусија понуди 17 милиони евра кои не беа прифатени од страна на Сити.
Со тоа Сити не сака да ја повтори грешката со Џејдон Санчо кој беше продаден на Дортмунд за „ситно“, за потоа да направи трансфер во Јунајтед за околу 100 милиони евра.
Делап е син на легендарниот Рори Делап, и познат по силен удар. Тој лани имал 24 гола во 20 натпревари за младинскиот тим на Сити, и граѓаните ја освоија титулата.