По два пресврти: Јувентус, конечно, до прва победа сезонава во Серија А (ВИДЕО)

129

Во натпревар со два пресврти, фудбалерите на Јувентус, конечно, ја остварија првата победа оваа сезона во италијанската Серија А. На гостувањето кај Специја, „Старата Дама“ победи со 3:2 во меч во кој видовме два големи пресврти.

Јуве тргна со гол за предност од 1:0 во 28. минута преку Мој Кин, но домаќините само пет минути подоцна преку Гиаси успеаја да израмнат на 1:1.

На стартот на второто полувреме се случи шок за гостинските навивачи. По само 4 минути, Антист погоди и ги донесе домашните во водство од 2:1. По овој гол гостите тргнаа на се или ништо. Притиснаа и по комплетната офанзива Киеза во 66. минута ги донесе гостите до 2:2.

За комплетен пресврт се погрижи Матијас Де Лихт, кој во 72. минута ја погоди домашната мрежа и приреди нов пресврт за прва победа на Јувентус сезонава.

Во вториот меч вечерва, Салернитана успеа да се врати од 0:2 до 2:2 и да освои прв бод сезонава во елитното друштво.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноБурса сака да го врати Јошко Миленкоски во Турција
СледноАлборг „гази“ се пред себе, ППД Загреб немоќен во Унгарија