Претставници на клубовите од англиската Премиер лигата денеска се состанаа за да разговараат за организацијата на календарот за следната сезона, кој ќе биде „притиснат“ порадиодржувањето на Светското првенство во Катар.
Според Би-Би-Си, на состанокот било предложено следната сезона да биде прекината по колото на 12 ноември, и да продолжи на 26 декември.
Исто така, сезоната треба да започне една недела порано од вообичаеното (6 август) и да заврши една недела подоцна (28 мај). На клубовите им бил прикажан пилот календар на собранието на акционери.
Поради овие потези, финалето на ФА Купот најверојатно ќе се одигра во јуни. Истото важи и за финалето во Лигата на шампионите.
Светското првенство треба да се одржи од 21 ноември до 18 декември, а ФИФА веќе утврди дека играчите мора да бидат ослободени од клупските обврски најдоцна на 14 ноември.