Алборг „гази“ се пред себе, ППД Загреб немоќен во Унгарија

81

Ракометарите на Алборг одиграа уште една блескава средба во новата сезона од Лигата на шампионите, овој пат совладувајќи го француски Монпелје со 36:28 во меч од 2. коло во групната фаза. Данците на домашен терен беа неприкосновени и на крилата на фантастичниот Швеѓанец Сандел кој заврши со 11 постигнати гола, дојдоа до вториот триумф.

Во вториот меч кој заврши вечерва, екипата на ПИК Сегед без посебни проблеми со 30:21 славеше над ППД Загреб. Освен во првите неколку минути, Загреб не успеа да му парира на унгарскиот состав. Кај домашните со 7 гола, Шоштариќ заврши како најефикасен, додека кај гостите Клис и Вистороп имаа по 4 гола.

ПретходноПо два пресврти: Јувентус, конечно, до прва победа сезонава во Серија А (ВИДЕО)
СледноРистовска блеска, постигна седум гола во триумфот на ЦСКА