Бајка во „Јане Сандански“: Вардар 1961 го „распарчи“ Мешков за прва радост во ЛШ (ФОТО)

536

Вардар 1961 ја запиша првата победа во Лигата на шампиони, откако на домашен терен го совлада Мешков Брест со 35-27 (19-13). Оваа вечер не можеше да заврши подобро, ракометарите им подарија неверојатна партија на своите фанови кои по подолго време се вратија на трибините.

Вечерва Вардар потсети на оние шампионски денови кога играше со голема самодоверба, кога без проблем ги газеше противниците.

Мартин Томовски средбата ја заврши со десет одбрани, Кевин Њокас беше прв стрелец со осум гола, зад него беа Моралес и Дибиров со по пет гола, четири имаше Гаџа.

Одлично прво полувреме одигра актуелниот македонски првак, потсети на стари добри времиња, кога беше страв и трепет. Одбраната добро функционираше, избраниците на Веселин Вујовиќ не му дозволија на противникот да го наруши ритамот.

Со трите одбрани на Томовски и трите гола на Моралес, „црвено-црните“ поведоа со 3-1. Во 11. минута беше 6-2, а потоа и 7-3. Вардар не искористи напад за плус пет, Мешков со два гола намали на 7-5 на средината на првиот дел, но тука застана.

Кевин Њокас со два гола во низа и Томовски со одбрана ја вратија позитивата од четири гола 11-7 во 20. минута. Во серија влезе и Оливие Њокас, Томовски имаше голем удел, се надоврзаа Гаџа и Дибиров за 16-10 во 27. минута. Во самиот финиш Вардар прими гол за 19-13.

Со деветата интервенција на Томовски, македонскиот тим дојде на плус седум (20-13). Две исклучувања во Вардар и неколку грешки, го доближија Мешков на 22-19 и 23-20.

Ниту овој налет не ги размрда редовите на македонскиот првак, во 43. минута дојде на плсу пет (25-20). Сепак Вардар влезе во мала криза, но на голема среќа противникот не успеа да намали на минус два, доволно за да „црвено-црните“ се издигнат и се вратат на старите патеки.

На осум минути до крајот бепе 30-24. Кевин Њокас блескаше на теренот, па до крајот без проблем двократниот првак го приведе мечот во своја корист, одново дојде на плус осум (35-27).

ПретходноСледната сезона Премиер лигата ќе биде прекината на 12 ноември, па ќе продолжи пред Нова година
СледноПОТЕГ НА ВАРДАР ЗА СИТЕ ПАРИ: Експлозија на Кевин Њокас – решеташе без грешка