Вујовиќ доби аплаузи на отворена сцена: Заслужено победивме, имавме прекрасна атмосфера

406

Вардар 1961 одигра фантастичен натпревар против Мешков Брест. Двократниот европски освојувач на титулата во Лигата на шампиони славеше со 35-27 и на најдобар можен начин го прослави кам-бекот на своите навивачи на трибините.

Вечерва македонскиот првак изгледаше моќно, сигурно, одигра со голема самодоверба и најави добри ракометни денови во елитната конкуренција.

Веселин Вујовиќ доби овации од страна на фановите, се врати на најдобар можен начин.

„Им честитам на Мешков Брест, иако не се задоволни со резултатот. Јас се плашев од овој меч, знаејќи за каков тим станува збор . Ја отворивме средбата мотивирано, носени од добрата атмосфера и голманот Томовски влеговме во ритам. Кога променија во таа фаза 5-1, морав да менувам со Дибиров и Гаџа некоја тактика во средината затоа што браќата Њокас уште не се воиграни.

Нашите шутери беа расположени, нивните голмани немаа своја вечер. Заслужено победивме, иако тие имаа повредени играчи, ние максимално го искористивме тоа. Денеска бевме шутерски расположени, го пазевме Скубе во одбраната“, изјави Вујовиќ.

Вардар и во следното коло игра на домашен терен, во Скопје гостува Алборг, меч кој се игра на 29. овој месец.

ПретходноДиаз и Ернандез за нова победа на Милан во Серија А (ВИДЕО)
СледноВест Хем го елиминираше Манчестер Ј., Арсенал и Лестер лесно до осминафиналето (ВИДЕО)