Манчестер Сити и Пеп Гвардиола се во големи проблеми во пресрет на “пеколната“седмица како што ја нарекуваат следната недела сите во таборот од „Етихад“. Имено Пеп не може да смета на двајца свои стандардни дефанзивци, и тоа клучни одбрамбени играчи, а тоа се Џон Стоунс и Емерик Лапорт. И двајцата нема да играа во сабота против Челзи, потоа следната среда со ПСЖ и наредниот викенд против Ливерпул. Тоа се тие три тешки средби во серија за Манчестер Сити. Пеп во својот ростер ги има само Рубен Дијаш и Нејтан Аке, па затоа ќе мора да побара помош и од некои играчи од младинската школа.