Го удри судијата по нос, ќе заработи суспензија од 48 натпревари!

219

Од Австрија доаѓа неверојатна вест. Еден фудбалер од деветтата лига во оваа земја доби суспензија од 48 натпревари.

Оваа невидена казна е наменета за руски фудбалер кој физички го нападна судијата и со глава го удри по носот. Станува збор за меч Викторија Брегенц и Гефис, кој се одиграл на 11. овој месец во рамките на деветтиот ранг на австрискиот фудбал.

Русинот Рашид Арсанукаев го удри судијата Роман по нос со глава за време на натпреварот, тој веднаш добил жолт картон. Првиот судија објаснил дека овој старт е казнив, по што фудбалерот го нападнал.

Инцидентот бил пријавен во полиција, а случајот стигнал до суд.

Според тамошните медиуми, рускиот фудбалер најверојатно ќе добие суспензија од 48 меча, поточно нема да биде на терените до 2023 година.

ПретходноУште една убедлива победа на ШК Алкалоид
СледноМЗТ и Пелистер ги добија Ковид-протоколите за АБА 2-лига: Три сценарија за одложување на меч