Давид Тошевски попладнево имаше одлично деби во дресот на Горњик Забрже. Во меч од Купот на Полска против Радомиак, нашиот млад репрезентативен напаѓач постигна гол во 39.минута за водство на својот тим од 1:0. Крајниот резултат беше 2:0 за тимот на Македонецот со што се пласира во 1/16 финалето во Купот на Полска.
Инетресно е тоа што на полувремето место Тошевски влезе славниот Лукас Подолски, легендарниот германски фудбалер.