Осмото коло во ПМФЛ ќе почне ден порано, а истото ќе го отворат Струга Т.Л и Шкендија. Дербито е закажано за во сабота со почеток во 17 часот, причината е директниот ТВ пренос од оваа средба.
Струга по седмото коло има 12 бода, два повеќе од актуелниот првак кој се наоаѓа на шестото место на табелата во ПМФЛ.
Во минатото коло Струга загуби од Ренова, додека Шкендија победи на гости кај Скопје.