Диаз и Ернандез за нова победа на Милан во Серија А (ВИДЕО)

173

Малку потешко од очекувањата, но сосема заслужено, Милан ја прослави и четвртата сезонска победа во Серија А. Вечерва избраниците на Стефано Пиоли на домашен терен славеа против Венеција со 2:0 со головите на Брахим Диаз и Тео Ернандез.

Венеција одлично се држеше скоро 70 минути, се додека Диаз на одлично додавање на Тео Хернандез не го отвори резултатот во 68. минута. Потоа Милан добри повеќе простор за игра, што резултираше и со втор гол во 82. минута со што практично се стави точка на каква било неизвесност.

Во вториот меч вечерва, Емполи ја продолжи агонијата на Каљари совладувајќи го на гости со 2:0.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноПОТЕГ НА ВАРДАР ЗА СИТЕ ПАРИ: Експлозија на Кевин Њокас – решеташе без грешка
СледноВујовиќ доби аплаузи на отворена сцена: Заслужено победивме, имавме прекрасна атмосфера