Емотивна порака на мајката на Роналдо: Има само една желба

249

Мајката на Кристијано Роналдо, Долорес Авеиро не се откажува од желбата нејзиниот син еден ден да се врати во Спортинг, клубот каде ја почна својата кариера.

Претходните месеци постојано апелираше дека португалскиот фудбалер ќе се врати во Лисабон, но тоа не се случи. Роналдо одлучи да се врати во Јунајтед, но неговата мајка има план Б.

„Роналдо мора да се врати во Спортинг. Тој сака да ги гледа нивните натпревари. Веќе му кажав, пред да умрам би сакала да го видам во дресот на Спортинг. Рече дека ќе размисли, но доколку не сака, тогаш нека игра неговиот син. Во неговите години игра подобро отколку Роналдо“, порача Долорес.

ПретходноМирко Ивановски е новиот спонзор и менаџер на ЖФК Атлетико!
СледноПротив Франција на рефлектори во Струмица