Ето: ПСЖ има спектакуларен тим, Меси и Роналдо се “монструми“, а Мбапе е нивниот наследник!

362

Самуел Ето, поранешниот славен репрезентативец на Камерун, член на Реал Мадрид, Барселона, Интер, Челзи и други клубови, деновиве за медиумите во Шпанија даде интервју во кое имаше свој коментар за актуелните настани во фудбалот.

Тој говореше за ПСЖ, за Меси и Роналдо, за Мбапе и Халанд, секако не заборави да го спомене и својот голем пријател Жозе Мурињо:

Тимот кој го направи Ал – Келаифи е спектакуларен. Тој тим со Меси и со сите таму мега-ѕвезди може да освои буквално сè. Јас не очекував Меси да си замине од Барса, но ете и тоа се случи. Според мене Меси и Роналдо и натаму се најдобри во светот а нивниот легитимен наследник е Килијан Мбапе. Секоја чест за Халанд, тој е “ѕвер“, но Мбапе е Мбапе. Мурињо? Па, како Интериста тешко ми е да го гледам на клупата на Рома, но и тој и натаму ми е пријател“ рече покрај другото Камерунецот и еден од најдобрите фудбалери во светот во свое време.

ПретходноХавана-на-на во СЦ „Јане Сандански“ во изведба на Моралес (ВИДЕО)
СледноСоврешна комбинација: Вардарци им се поклонија на навивачите, со нив изгледаат опасно (ФОТО)