Со денешните три меча од 1/16 финалето во Купот на Македонија, заврши и првата фаза од ова натпреварување. Шкендија, Шкупи и Борец се пласираа во следната рунда. Инаку жрепката за 1/8 финалето од Купот ќе се одржи во вторник, вообичено во просториите на Фудбалската федерација на Македонија.
И во оваа фаза ќе се игра само еден натпревар, а покрај Шкендија, Шкупи и Борец, тука се и Силекс и Академија Пандев (тие беа слободни во 1/16 финалето), потоа Македонија ЃП, Вардар, Скопје, Охрид, Пелистер, Ренова, Беласица, Работнички, Тиквеш, Струга Трим Лум и Брегалница.
Тоа се тие 16 екипи кои посакуваат да имаат што повеќе среќа на ждрепката за 1/8 финалето од нашето најмасовно натпреварување.