И Севиља ја „среди“ Валенсија, прва победа и за Еспањол (ВИДЕО)

61

По несреќниот пораз од Реал (М) изминатиот викенд, Валенсија и вторпат едноподруго претрпи пораз во тековната сезона во Ла Лига. Вечерва на гостувањето во Андалузија на средбата со Севиља, Валенсија беше убедливо поразена со 3:1.

Фуриозниот старт на Севиља беше клучен за победата. Севиља поведе со 3:0 за само 22 минути и буквално ги шокираше гостите. Алехандро Гомез погоди во 3. минута за 1:0, по што следуваше автогол на Лато за 2:0, па третиот гол кој беше дело на Рафа Мир во 22. минута.

Хуго Дуро во 31. минута погоди за гостите, но тоа беше се што направија на овој меч.

Еспањол на домашен терен вечерва славеше над Алавеш со 1:0.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноХамес Родригес потпиша за катарски Ал Рајан
СледноМоќен Вардар, на полувремето против Мешков има предност од шест гола