Попладнево од 15 часот ќе се одиграат трите преостанати натпревари од 1/16 финалето во Купот на Македонија. Секако дека ќе биде интересно, зошто Шкендија и Шкупи ги чекаат тешки гостувања кај Кит Го и Велешта. Мечевите се играат во Штип и Струга. Ова ќе биде голем предизвик за второлигашите, сепак се знае кој е фаворит, Шкендија и Шкупи се нашите најквалитетни екипи во ПМФЛ и ако се биде според прогнозите би требало да одат во следната фаза.
Борец ќе му гостува на третолигашот Њу Старс во Скопје. И на овој меч се очекува триумф на прволигашот, нема сомневање дека велешани се апсолутни фаворити.
Победниците од овие три натпревари ќе им се придружат на екипите кои веќе изборија пласман во осминафиналето, а тоа се Силекс, А. Пандев (беа слободни во првото коло), потоа Македонија ЃП, Вардар, Скопје, Охрид, Пелистер, Ренова, Беласица, Работнички, Тиквеш, Струга Трим Лум и Брегалница.
Шкендија според зборовите на Меџит Незири нема да го потцени Кит Го…
“Во никој случај нема да потцениме тимот на Кит Го. Иако нашиот ривал е второлигаш, максимално сериозно ќе влезиме во овој меч. Верувам во наша победа и пласман во осминафиналето. Ние сме мотивирани во оваа сезона да одиме по пехарите и во првенството и во Купот“ изјави дефанзивецот на Шкендија за клупскиот сајт.