Лапорта со молба до фановите на Барселона (ВИДЕО)

150

Барселона минува тешки денови, после заминувањето на Лионел Меси, многу работи се сменија, особено во играта на каталонскиот гигант, кој пак во моментов се бори со тешка финансиска криза.

По ремито со Гранада, трпението кај фановите на клубот е многу мало, па првиот човек на клубот, Жоан Лапорта јавно ги замоли за трпение.

„Ве молам да продолжите да го поддржувате нашиот клуб. Потребни сте на тимот, кој пак е благодарен за тоа. Знаете дека минуваме низ тежок период, во овој момент е добро да бидете со нас. Би ве замолил да останете смирени, знаеме што треба да направиме, ќе решиме се. Ви благодарам“, се вели во дел од пораката на Лапорта.

ПретходноКит Го и Велешта ќе ги предизвикаат Шкендија и Шкупи, Борец на гости кај Њу Старс!
СледноСпировски: На последните три меча покажавме како треба да играме, одиме во вистински правец