Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа, имаше добар старт на тенискиот турнир во Визбаден. Таа во 1/16 финалето успеа со 2:1 во сетови да ја победи Бјанка Турати од Италија и да се пласира во следната рунда на овој престижен турнир.
Ѓорческа првиот сет го доби со 7-6 (7-3 во тај-брејк), во вториот Италијанката беше подобра со 7-5, за да во последниот сет повторно се играше тај – брејк, а Македонката беше подобра и успеа да победи.