МЗТ и Пелистер ги добија Ковид-протоколите за АБА 2-лига: Три сценарија за одложување на меч

215

МЗТ Скопје и Пелистер ги добија Ковид-протоколите за новата сезона во АБА 2-лига.

Во првата година од пандемијата на коронавирус имаше одложувања на натпревар, Работнички пропушти еден турнир токму поради позитивни лица.

Раководството на јадранското натпреварување на редовен состанок ги дефинираше правилата. Постојат три сценарија за одложување на еден меч во новата сезона.

Според одлуката на Собранието на АБА лигата, одложувањето на натпреварот може да се случи во случај на ограничувања што произлегуваат од одлуките на државните епидемиолошки органи.

Исто така, одложувањето е можно во случај кога тимот има помалку од осум играчи на располагање поради инфекција со корона вирус или останува без комплетен стручен штаб.

Првите две кола од ова натпреварување ќе се одиграат на Златибор од 10 до 14 октомври.

ПретходноГо удри судијата по нос, ќе заработи суспензија од 48 натпревари!
СледноМирко Ивановски е новиот спонзор и менаџер на ЖФК Атлетико!