Мирко Ивановски е новиот спонзор и менаџер на ЖФК Атлетико!

1841

 

Како што самите се пофалија на социјалните мрежи, женскиот фудбалски клуб Атлетико Битола доби нов спонзор. А тоа е Мирко Ивановски, поранешниот наш репрезентаивец а сега актуелен член на Динамо Букурешт.

Покрај тоа што е ќе биде спонзор и менаџер на ЖФК Атлетико Битола, ќе биде и финансиер и дел од раководството на клубот. Ова е голем плус за девојчињата од ЖФК Атлетико кои се натпреваруваат во нашата најдобра лига.

Секако дека за овој потег некогашниот наш репрезентативец и екс напаѓач на Пелистер, Македонија ЃП, Славија Прага, Арка, Астра, Клуж, Видеотон, Болуспор, Славен Белупо, Хајдук, ДВТК а сега на Динамо Букурешт, заслужува честитки.

ПретходноМЗТ и Пелистер ги добија Ковид-протоколите за АБА 2-лига: Три сценарија за одложување на меч
СледноЕмотивна порака на мајката на Роналдо: Има само една желба