На барање на Шкендија дербито со Струга ТЛ сепак во недела!

381

Иако дербито на 8.коло меѓу Струга ТЛ и Шкендија беше закажано за ден порано, за в сабота, сепак најново е тоа што овој натпревар се игра во недела. Имено предвидено беше саботниот термин да се искористи за да овој меч го има на ТВ на Арена и на МТВ, но сепак тетовци побараа и замолија да се игра во недела.

Неофицијално причината била таа што тие денеска имаат куп меч со Кит Го, па немале доволно време да се подготват за мечот со Струга ТЛ.

Инаку ТВ пренос на Арена и на МТВ ќе има од мечот Работнички и Пелистер кој се игра во недела во Скопје, на ФФМ.

ПретходноГолманот на Манчестер Јунајтед побара трансфер
СледноСити не го дава својот „бисер“ на Борусија Дортмунд