Сити не го дава својот „бисер“ на Борусија Дортмунд

303

Понудата на Борусија Дортмунд за напаѓачот на Манчестер Сити, Лиам Делап, беше експресно одбиена од страна на граѓаните.

За 18-годишниот напаѓач, Борусија понуди 17 милиони евра кои не беа прифатени од страна на Сити.

Со тоа Сити не сака да ја повтори грешката со Џејдон Санчо кој беше продаден на Дортмунд за „ситно“, за потоа да направи трансфер во Јунајтед за околу 100 милиони евра.

Делап е син на легендарниот Рори Делап, и познат по силен удар. Тој лани имал 24 гола во 20 натпревари за младинскиот тим на Сити, и граѓаните ја освоија титулата.

ПретходноНа барање на Шкендија дербито со Струга ТЛ сепак во недела!
СледноРепрезентативецот Даниел Аврамовски без клуб до јануари!