Промена на врвот: Не е веќе Меси туку Роналдо е најплатениот фудбалер во светот!

323

Мало изненадување. Лео Меси не е веќе најплатениот фудбалер во светот. Според магазинот “Форбс“, супер – ѕвездата на ПСЖ „падна“ на втората позиција на табелата на најплатени фудбалери. Имено на врвот сега е Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед со 125 милиони долари за 2021 година. Од тие 125 милиони Португалецот ќе заработи 70 милиони од платата од клубот и разните бонуси, а останатите 55 милиони од спонзорски договори.

Меси во 2021 ќе заработи “само“ 110 милиони долари, додека на трето место е Нејмар од ПСЖ со 95 милиони долари. Следува Килија Мбапе, исто од ПСЖ, со 43 милиони долари, а на петтото место е Мохамед Салах од Ливерпул со 41 милиони долари.

ПретходноЧурлинов: Зошто да не ја победиме Германија, по вторпат?
СледноДавид Тошевски со гол во дебито за Горњик!