Против Франција на рефлектори во Струмица

616

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година еден ден порано од превидениот термин ќе го одигра реванш дуелот против Франција во рамките на квалификациите за Европското првенство 2023 година.

Мечот ќе се одигра на 15. ноемри под рефлектори во Струмица, причината е ТВ-преносот од оваа средба.

Селекторот Драган Канатларовски и неговите момци квалификациите за континентлното натпреварување ги почнаа со со убедлив пораз од Франција на гости (3-0) и реми со Србија на домашен терен (0-0).

Пред дуелот со Франција, Македонија ќе им гостува на Фарски Острови и Ерменија во октомври.

Европското првенство 2023 година ќе се одржи во две држави, во Романија и во Грузија.

ПретходноЕмотивна порака на мајката на Роналдо: Има само една желба
СледноСупер Купот „Драган Василов Цевка“ ќе се игра пред публика