Иако беше блиску до трансфер во Гиресунспор, се чини дека ништо од тоа. Па така Даниел Аврамовски (26), актуелниот репрезентативец на Македонија до зимскиот преоден рок ќе остане без клуб. Тоа секако дека е лоша вест за него, но и лоша вест за селекторот на А- репрезентацијата Благоја Милевски, кој и тоа како смета на популарниот Цујо за октомвриските и ноемвриските квалификациски циклуси.
Да потсетиме дека Аврамовски во јуни се раздели со Кајзериспор. Во есенскиот дел и не се изнаигра премногу, во пролетниот дел имаше забележителни настапи, но сепак се случи разделба.
Да потсетиме дека Аврамовски претходно играше за Вардар, Војводина, Олимпија, Ц. Звезда, ОФК Београд, Работнички, Македонија ЃП.