Сара Ристовска е во одлична форма. Македонската репрезентативка блескаше во дресот на ЦСКА, дуелот на гостувањето кај Звезда во рамките на рускиот шампионат го заврши како прв стрелец.
Нејзиниот тим славеше со убедливи 27-35 и дојде до четвртата победа во новата сезона, овој меч беше решен уште во првото полувреме. ЦСКА на одморот замина со позитива од пет гола 16-11.
Ристовска постигна седум гола од десет обиди имаше 70% реализација.