Следната сезона Премиер лигата ќе биде прекината на 12 ноември, па ќе продолжи пред Нова година

432

Претставници на клубовите од англиската Премиер лигата денеска се состанаа за да разговараат за организацијата на календарот за следната сезона, кој ќе биде „притиснат“ порадиодржувањето на Светското првенство во Катар.

Според Би-Би-Си, на состанокот било предложено следната сезона да биде прекината по колото на 12 ноември, и да продолжи на 26 декември.

Исто така, сезоната треба да започне една недела порано од вообичаеното (6 август) и да заврши една недела подоцна (28 мај). На клубовите им бил прикажан пилот календар на собранието на акционери.

Поради овие потези, финалето на ФА Купот најверојатно ќе се одигра во јуни. Истото важи и за финалето во Лигата на шампионите.

Светското првенство треба да се одржи од 21 ноември до 18 декември, а ФИФА веќе утврди дека играчите мора да бидат ослободени од клупските обврски најдоцна на 14 ноември.

ПретходноДерби Каунти и официјално е банкрот, остана без 12 бода во Чемпионшип!
СледноБајка во „Јане Сандански“: Вардар 1961 го „распарчи“ Мешков за прва радост во ЛШ (ФОТО)