После долго време вратите во СЦ „Јане Сандански“ се отворени за навивачите на Вардар 1961. Поради пандемијата на коронавирус „вулканот“ долго време беше празен, но од вечера тоа се смени.
Салата поради ковид-протоколите не беше исполнета, но оние кои успеаја да набават карти на време со сето срце навиваа. Токму навивачите заедно со Вардар прават соврешна комбинација, СЦ „Јане Сандански“ станува жежок и тежок терен, а ракометарите на актуелниот македонски првак изгледаат опасно.