Убава вест за фановите на “Редси“: Култниот “Енфилд“ ќе се проширува!

232

Англискиот и европски гигант, Ливерпул, објави дека од следната недела ќе започне проширувањето на култниот стадион „Енфилд“. Тој наскоро би можел да прима 61.000 гледачи наместо сегашните 54.000, што се за 7.000 места повеќе. Секако дека ова е убава вест за фановите на “Редси“. Познато е дека атмосферата на “Енфилд“ е една од најдобрите и најспектакуларните во Европа, а со зголемување на капацитетот на стадионот, таа ќе биде уште подобра.

Со тие 61.000 гледачи, “Енфилд“ ќе биде трет најголем стадион во Премиер-лигата, после оној на Манчестер Јунајтед и на Тотенхем.

Инаку работите на „Енфилд“ е очекува да бидат готови до почетокот на сезоната 2023/24. Значи за две години.

ПретходноИ Шкендија, Шкупи и Борец во 1/8 финалето од Купот на Македонија!
СледноМартинес за превземањето на Барселона: Немам коментар