Хакими во последните моменти за нова победа на ПСЖ (ВИДЕО)

647

Фудбалерите на Мец останаа без голем бод од дуелот со големиот ПСЖ во вечерашниот натпревар од 7. коло на француската Лига 1.

Гостите без Лео Меси, но со Мбапе, Икарди и Нејмар во стартните 11, со гол во 95. минута успеаја да ги однесат сите три бода од ова тешко гостување и да ја запишат седмата сезонска победа во првенството.

Хакими погоди уште во 5. минута за водство на „светците“, но упорните домаќини израмнија во 39. минута преку Којате. Во финишот Мец остана со играч помалку, а упорноста на ПСЖ донесе втор гол на Хакими во 95. минута за победа од 2:1.

Во франција вечерва Лион со пресврт во второто полувреме славеше со 3:1 над Троја, додека Олимпик (М) одигра без голови на гости кај Анжер.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноТомовски: Секоја чест за публиката, тие беа нашиот ветер во грбот
СледноХавана-на-на во СЦ „Јане Сандански“ во изведба на Моралес (ВИДЕО)