Играчот за врска на екипата на Евертон, Хамес Родригез кариерата ќе ја продолжи во Катар. Ал-Рајан денеска го објави трансферот на 30-годишниот Колумбиец, но деталите за договорот не беа откриени.
На 11 септември, Хамес се врати во Евертон по неуспешниот обид за преселба во Истанбул Башакшехир. Родригез нема одиграно ниту една минута за Евертон во тековната сезона во Премиер лигата и беше јасно дека мора да си замине.
Тој се пресели во Евертон во септември минатата година, а претходно ги бранеше боите на Реал Мадрид, Баерн Минхен, Монако, Порто, Банфилд и Енвигадо.
Bienvenido
Welcome
مرحبًا @jamesdrodriguez pic.twitter.com/Als0VqEqxD— AlRayyanSC (@AlrayyanSC) September 22, 2021