Откако во последно време се појавуваат шпекулации за евентуално заминување на неколку играчи на Челзи во други клубови, наводно од лондонскиот тим порачале дека ниту еден фудбалер нема да биде продаден.
За Рудигер имаше шпекулација за преселба во Реал Мадрид или Баерн Минхен, потоа интерес за Криситансен имаше од Реал Мадрид, за Вернер се шпекулира заминување во Борусија Дортмунд, и за Канте кој би можел да се сели во Реал.
Меѓутоа Тухел јасно дал до знаење дека сите играчи ќе останат, особено оние првотимците.