Чурлинов: Зошто да не ја победиме Германија, по вторпат?

624

Нашата најдобра репрезентација на 11 октомври, во меч од калификациите за СП во Катар 2022 година, се среќава против Германија. Селекција која на 31 март, на нејзин терен, ја победивме со 2:1.

Дарко Чурлинов, младиот напаѓач на нашата репрезентација, а сега член на Шалке, за клупскиот сајт даде поголемо интервју, во кое тој покрај другото се осврна и на дуелот со “панцерите“ на 11 октомври.

Прво се среќаваме со Лихтенштајн, а потоа играме дома со Германија. Секако дека нема да биде лесно против силната селекцијата на Германија, но играме дома, играме во Скопје. Ако веќе успеавме да победиме на гости, тогаш зошто повторно да не славиме триумф. Едвај го чекам тој натпревар, имаме квалитет, покажавме дека играме добро“ изјави Чурлинов.

ПретходноРепрезентативецот Даниел Аврамовски без клуб до јануари!
СледноПромена на врвот: Не е веќе Меси туку Роналдо е најплатениот фудбалер во светот!