Шанса за Вардар 1961, Мешков без петмина играчи во Скопје

366

Вардар 1961 вечерва (20:45 часот) на домашен терен го пречекува Мешков Брест во рамките на 2. коло во Лигата на шампиони. Актуелниот македонски првак со реми ја отвори новата сезона, па пред своите навивачи ќе има одлична шанса да дојде до првиот триумф.

Белорускиот состав во Скопје допатува без петмина ракометари. На голот ќе го нема одличниот Иван Пешиќ, кој веќе одредено време е надвор од терените, а поради повреди ќе ги нема Артем Селвасјук (пивот), Павел Пачковски (десен бек) и Егор Будејка (десен бек) како и словенечкиот плејмејкер и лев бек Јака Малус.

Ова ќе биде одлична шанса за Вардар 1961 да ја запише првата победа иако и на оваа средба ќе го нема одличниот Анте Кудуз, но на гостувањето кај Елверум, добро се снајде и без него.

Веселин Вујовиќ и неговите момци ќе мора добро да внимаваат на екс-вардарецот Скубе и Кашпарек кои се ударната сила на Мешков Брест.

Дуелот ќе се игра пред публика, поради пандемијата коронавирус бројот на навивачи е скратен на бројка од 1.800.

ПретходноНеверојатни сцени од Мостар: Навивач со мотика го нападна тренерот на гостите (ВИДЕО)
СледноУште една убедлива победа на ШК Алкалоид