Лука Јовиќ во јануари си заминува од Реал Мадрид, и сигурно првата половина од 2022 година ќе ја мине во друг град.
Според информациите од Шпанија, Јовиќ ќе се пресели во Лондон, и тоа во тимот на Арсенал. И Вест Хем покажува интерес за него.
Прашање е само дали Реал Мадрид ќе се одлучи на целосна продажба, или Србинот прво оди на позајмица, со право на откуп.
Јовиќ ниту кај новиот тренер Карло Анчелоти, не добива многу шанса за настап, и веќе донел одлука во јануари да замине каде ќе има поголема минутажа.