Дерби Каунти и официјално е банкрот, остана без 12 бода во Чемпионшип!

233

Она што беше најавено пред неколку дена, денеска и официјално е потврдено. Англискиот фудбалски клуб Дерби Каунти официјално останува без 12 бода од контото на табелата во Чемпионшип, бидејќи банкротираше.

Сопственикот на клубот Мел Морис изминатите два дена разговараше со играчите и персоналот на клубот, чија состојба засега е неизвесна.

Морис рече дека Дерби изгубил околу 20 милиони фунти (околу 23,2 милиони евра) приход поради пандемијата на коронавирус.

По најновата разврска на ситуацијата, Дерби предводен од клупата од легендата на англискиот и светскиот фудбал, Вејн Руни, падна на последното место на табелата во Чемпионшип и моментално има минус два бода.

„Ние сме во рана фаза на проценка на можностите со кои располага клубот. Ги покануваме сите заинтересирани страни да не контактираат. Нашите непосредни цели се да обезбедиме клубот да ги одигра сите свои натпревари во Чемпионшип оваа сезона и да најдеме засегнати страни за заштита на клубот и неговите вработени“, рече генералниот директор на клубот, Ендрју Хоскинг.

Дерби Каунти е основан во 1884 година и двапати досега бил шампион на Англија, последен пат во 1975 година.

ПретходноМоќен Вардар, на полувремето против Мешков има предност од шест гола
СледноСледната сезона Премиер лигата ќе биде прекината на 12 ноември, па ќе продолжи пред Нова година