Супер Купот „Драган Василов Цевка“ ќе се игра пред публика

243

После пет години пауза се враќа во Супер-Купот, истиот ќе се одржи во сабота во салата “Кале“, а го носи името на легендарниот тренер „Драган Василов Цевка“.

Од 17.часот, ќе се игра натпреварот во женска конкуренција меѓу Баскет КАМ и Бадел 1862, додека пресметката во машка конкуренција е закажана во 19.30 часот, силите ќе ги одмерат градските ривали МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.

Од КФСМ соопштија дека Супер Купот ќе се одигра пред публика согласно со протоколите на нашата држава.

„Влезот во Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје, ќе биде ограничен, односно сите заинтересирани љубители на кошарката ќе мора да покажат документ за вакцинација издаден од надлежните здравствени авторитети во државата.

Исто така, согласно со одлуката на Министерството на Здравство на РСМ, ограничен е и бројот на седишта во салата на 30% од капацитетот“, велат од федерација. 

ПретходноПротив Франција на рефлектори во Струмица
СледноКит Го и Велешта ќе ги предизвикаат Шкендија и Шкупи, Борец на гости кај Њу Старс!