Милевски нема среќа: “Лавот“ Адеми повторно повреден!

377

Лоши вести пристигнуваат утринава од Загреб. Капитенот на Динамо и еден од нашите најдобри фудбалери, Аријан Адеми и повторно е повреден. Тој вчера на куп средбата против Оријент предвреме го напушти терено сигнализирајќи дека е повреден во пределот на бутниот мускул. Од Динамо Загреб велат дека допрва ќе има специјални прегледи да се види за што навистина станува збор.

Ако навистина повредата е сериозна тогаш јасно е дека клучниот наш играч во средниот ред, нема да му биде на располагање на селекторот Благоја Милевски за дуелите со Лихтенштајн и Германија. Познато е дека во октомврискиот циклус играме прво со Лихтенштајн на гости (8 октомври) а потоа дома со Германија (11 октомври).

Колку за потсетување, Адеми исто поради повреда не беше дел од нашата репрезентација на трите меча во квалификациите во септември.

ПретходноТајсон доаѓа во Белград: Ќе добие цел спрат во хотел, побарал и посебно јадење
СледноВардар им излезе во пресрет на навивачите