Некогашниот репрезентативец и член на Вардар и на Работнички, има нов клуб. Во иднина играчот од средниот ред ќе настапува во српскиот прволигаш Радник Сурдулица.
Последен клуб на Петровиќ му беше Сабаил од Азербајџан, а играше и за неколку клубови од странство како Сутјеска, Осијек, Лариса, Сепси…