Напаѓачот на ПСЖ Нејмар изрази незадоволство од одлуката на судијката на мечот Лион – Троа (3:1) во изминатото коло во Лига 1. Се работи за момент во финишот на мечот кога Лукас Пакета се обиде со финта да ја префрли топката преку противничкиот играч, а судијката му покажа жолт картон. Пакета доби жолт картон, но не е јасно дали поради дриблингот или за некој коментар кон арбитарот.
Нејмар смета дека неговиот соиграч бил казнет поради таа финта.
„Жално е да гледаш како се делат жолти картони поради дриблинг. Такви дриблинзи се важен дел од фудбалот без разлика на кој дел од теренот се случува и во која минута. Тоа ми се случи и на мене минатата сезона, сега и на Пакета. Не разбирам. Изгледа во убавината на фудбалот веќе е минато. Насладувајте се додека можете, наскоро ќе нема да гледате вакви потези“, вели Нејмар.
Минатата сезона на мечот ПСЖ – Монпеље, Нејмар правеше неколку дриблинзи меѓу кои и еден сличен на Пакета, а судијата го предупреди да запре. Екс-играчот на Барса се расправаше со него и доби жолт картон.
Lucas Paquetá booked for attempting a rainbow flick.
The beautiful game is gone.
pic.twitter.com/uPMTX3C2jR— Big H. (@Hxnz99) September 23, 2021