Абрахам донесе победа за Рома против Удинезе (видео)

179

Со голот на Тами Абрахам во 36. минута Рома стигна до четвртата победа сезонава во италијанската Серија А. „Волчицата“ го совлада Удинезе со 1:0 токму со голот на поранешниот фудбалер на Челзи, а сега е на четвртото место со 12 бода или три помалку од лидерот Наполи.
Абрахам погоди од својот единствен прецизен шут кон противничкиот гол, доволно за победа. Тоа е негов четврти гол во Серија А, а вкупно петти за Рома затоа што еднаш погоди и во Лигата на конференции.

ПретходноМитревски со неколку одбрани во финишот го однесе Порто до победа над Флензбург
СледноОчај! Барса не го победи ни Кадиз