Германија го назначи помошникот за селектор на репрезентацијата до 21 година

94

Досегашниот помошник на Штефан Кунц на селекцијата до 21 година, Антонио Ди Салво, е назначен за прв селектор на младинската селекција.

Ди Салво беше помошник во младинскиот тим на Баерн, а потоа во селекцијата на У-19 на Германија, а од 2016 година и на младинската селекција. Во меѓувреме беше назначен и за помошник на олимписката репрезентација.

Ди Салво има потекло од Италија, како играч во својата кариера настапувал за Баерн Минхен, Ханза Рошток, Падерборн, 1860 Минхен и Капфенберг.

Ди Салво доаѓа на местото на Кунц кој ќе биде селектор на сениорите на Турција.

ПретходноКонте не го интересира ниту Барселона, ниту Арсенал
СледноНаполи ја запиша и петтата победа по ред, Елмас одигра 20-тина минути