Новак Ѓоковиќ според многумина е најдобриот тенисер во историјата на овој спорт. Некаде е омилен, некаде пак постојано е на удар. Последниот таков удар доаѓа од Италија, како што пренесуваат српските медиуми, и тоа директно од Никола Пјетранџели, некогашен тенисер, еден од најдобрите во светот во свое време.
„Кога јас играв тенис, пред околу 50 години, освоив 44 турнири, и тоа четири пати Ролан Гарос. Со тие пари што ги заработив не можев да купам ниту еден мал стан. Сега тенисерите за еден освоен Грен Слем добиваат по 2,5 милиони долари. Еве на пример Ѓоковиќ има во банка 500 милиони долари и кога ќе излезе во едно финале, како она во Њујорк, тој бил демек под стрес. Од што е тој стрес, од броење ли на парите?“ запрашал Пјетранџели.