По оној меч од Дуисбург во март, кога ја победивме Германија со 2:1, па и благодарение на Тимо Вернер, социјалните мрежи и нашите медиумите германскиот напаѓач на Челзи го нарекоа и “Македонецот“.
Се разбира дека станува збор за добар напаѓач, но и натаму има проблеми со реализацијата. Ете синоќа против Астон Вила во Лига на Купот на Англија, Вернер конечно постигна гол. Ова му беше шести меч сезонава за “сините“ и прв гол.
Германецот по мечот изјави:
“Среќен сум што постигнав гол, среќен сум што нашите фанови го скандираат моето име. Видете, убаво е да си го видиш своето име меѓу стрелците“ рече покрај другото Вернер.
Неговиот тренер и сонародник, Томас Тухел, исто беше задоволен од настапот на Тимо.
“Му дадов шанса на Вернер и тој ја искористи на најдобар можен начин. Работата на напаѓачите е да постигнуваат голови а тоа Тимо и го направи“ заклучи стратегот на европскиот шампион.