Мбапе за малку ќе добиеше ќотек, влета спасителот Нејмар (ВИДЕО)

273

Од дуелот меѓу ПСЖ и Мец во рамките на 7. коло во Лига 1, кој заврши со победа на „светците“ од 2-1, благодарение на голот на Хакими во 95. минута доаѓа помалку комична ситуација.

Килијан Мбапе направи нефер потег, додека се радуваше му се втрча на противничкиот голман потфрлувајќи му некој збор. Алжирецот се извади од кожа и се обиде да се пресмета со Мбапе, но во тој момент се вмеша и Нејмар.

Тешко е да се оцени кој беше посмешен, дали Нејмар или реакцијата на голманот на Мец.

Најважно е дека целата ситуација заврши мирно, брзо стивнаа страстите.

ПретходноСолскјер не бара алиби, ама судијата е виновен!
СледноТајсон доаѓа во Белград: Ќе добие цел спрат во хотел, побарал и посебно јадење