Митревски со неколку одбрани во финишот го однесе Порто до победа над Флензбург

132

Порто за кого брани македонскиот репрезентативец Никола Митревски одигра интересен натпревар во 2. коло од Лигата на шампиони. До самиот крај не се знаеше победникот на дуелот со Флензбург. Германците во еден момент водеа со 20:17, а Митревски влезе во игра во 44. минута и имаше неколку интервенции кои го кренаа Порто. Нашиот интернационалец буквално се разбрани, а неговите соиграчи се мотивираа и тргнаа порешително во нападот. Направија пресврт и победија со еден гол.

Најефикасен кај Порто беше Салина, а Круз даде четири гола. Митревски запиша шест одбрани за околу 15 минути на теренот.

Инаку мечот го судеа македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

 

ПретходноЧекаше да му се роди ќерка, па изнајми хеликоптер за да стигне на време за мечот
СледноАбрахам донесе победа за Рома против Удинезе (видео)